Средба Димитриев – Хајндл: Со силен интензитет се работи на реализација на препораките

Средба Димитриев – Хајндл: Со силен интензитет се работи на реализација на препораките
Средба Димитриев – Хајндл: Со силен интензитет се работи на реализација на препораките
Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, денеска оствари средба со Јоханес Хајндл, германски специјален пратеник.

Соговорниците разговараа и разменија информации за актуелната политичка состојба, за интеграциските процеси како и чекорите кои се преземаат во рамките на акцискиот план за реализација на итните реформски приоритети на државата.

Димитриев, соопштуваат од Владата, посочи дека клучно за Владата е остварување на напредок на полето на евроинтеграциите, при што со силен интензитет се работи на реализација на препораките. Тој посочи дека  се спроведуваат стотици реформски мерки кои ги иницираше Владата и на тој начин се надоместува периодот кога беа распишани изборите и кога таквите активности не одеа со динамиката која беше посакувана.

Sredba, PVRM Dimitriev - Hajndl_3

-Премиерот Димитриев истакна дека сега со прецизен акциски план се задолжени сите државни институции, преку јасно дефинирана рамка за спроведување на препораките и реформите посочени од меѓународната заедница да се стигне до надоградување на стандардите во правосудството, јавната администрација, безбедносниот сектор, медиумите, меѓуетничките односи. Димитриев посочи дека дел од реформите ќе бидат спроведувани веднаш од институциите, за дел ќе расправа Владата и ќе одлучува Парламентот, а дел ќе бидат формулирани преку поширок политички дијалог, се вели во соопштението.

Димитриев подвлече дека еден голем сет на реформи се направени и до сега, а со ваквиот активизам тие реформи ќе се надополнат и успешно ќе се завршат процесите кои се од интерес на Република Македонија.

Sredba, PVRM Dimitriev - Hajndl _2

Соговорниците разговараа и за актуелната политичка состојба, начините и можностите за нејзино надминување, при што Димитриев објасни дека во интерес на Владата е обезбедување на услови за општествен и економски развој на Република Македонија и сите нејзини граѓани.