Средба Џафери – Аврамопулос во Атина

Протокол за соработка меѓу двете министерства за 2014 та година потпишаа македонскиот и грчкиот министер за одбрана на денешната средба во Атина, јавува дописникот на Нетпрес од Атина. За министерот Талат Џафери оваа средба била од посебно значење за односите меѓу двете министерства, бидејќи покажувала дека двете институции имаат капацитет да ги надминат сите проблеми што се на патот на комуникацијата.

„Јас сум убеден дека основата за разговори за изнаоѓење решение за проблемот кој што стои меѓу нас околу името на државата е тема која што во иднина би требало да се интензивира меѓу соодветните институции, и во тој контекст можам да констатирам дека во разговорите што ги имавмее меѓу двете делегации, уште еднаш заклучивме дека тој проблем не е пречка ние да ги продлабочиме и да ги прошириме сите елементи на соработка меѓу двете министерства,“ изјави македонскиот министер по средбата.

Грчкиот министер, Димитрис Аврамопулос пак ја повтори грчката позиција дека прашањето со името морало да се реши за Македонија да напредува кон НАТО и кон Европската Унија.

„Решението мора да биде одржливо и да функционира и да не остава простор за неисториски тврдења, “ изјави грчкиот министер за одбрана.

Проблемот што Атина го има со нашето уставно име не треба да биде пречка за продлабочување на соработката меѓу двете министерства, порача македонскиот министер за одбрана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.