Средба Груевски-Бејли: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи кои се во интерес на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска, заедно со членот на Извршниот комитет Никола Тодоров оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли.

Соговорниците разговараа за актуелната состојба приоритетите и предизвиците на државата.

„Беше констатирана заложбата Република Македонија што поскоро да добие позитивна одлука за членство во НАТО, што и преставува стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението.

Воедно беше посочено дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи реформските агенди важни за интеграциите во Европската Унија за кои ќе се оцени дека би биле од интерес на граѓаните. Беше истакната потребата за дебата во однос на значајните одлуки и законски решенија“, се вели во партиското соопштение.