Македонија

Средба Груевски- Бејли

Средба Груевски- Бејли

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

На средбата беше изразена посветеноста кон нивно континуирано унапредување и продлабочување на билатерланите односи.

Беше истакната определбата за интензивирање на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Груевски и Бејли разговараа за реформите кои се спроведуваат во Република Македонија и за актуелната политичка состојба, при што премиерот Груевски ја истакна стратешката определба на нашата земја за интеграција во евро-атлантската заедница и за унапредување на стандардите во сите општествени сфери.

Соговорниците го истакнаа и значењето на соработката во областа на мировните мисии во кои учествуваат и македонските мировници под раководство на НАТО.

Двете страни разговараа и за можностите за зголемување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.