Средба Груевски-Јункер во четврток во Брисел

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, в четврток (26. февруари) во Брисел ќе се сретне со првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пренесува МИА.

Оваа информација попладнево ја објави портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас, потврдувајќи дека тоа ќе биде прва средба со македонскиот премиер на челникот на неформалната Влада на Европската унија, откако го наследи Жозе Мануел Барозо.

На прашањето кој ја иницира оваа средба, односно дали Груевски доаѓа на покана на Јункер или пак ќе се сретнат на барање на претседателот на македонската Влада, портпаролот Схинас рече дека нема одговор, но дека оваа средба Груевски-Јункер е резултат на заеднички консултации.