Средба Груевски-Тајани: Надминување на политичката криза и избори во најкус можен рок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со потпретседателот на Европскиот парламент и потпретседател на Европската Народна Партија Антонио Тајани.

Sredba-Gruevski-2-640x352

Двајцата соговорници, информираат од владејачката партија, дискутирале за исполнување на стратешките цели  во насокa на исполнување на евроатланските интегративни процеси, актуелната политичка состојба и разгледување на можностите за интензивирана соработка.

Sredba-Gruevski-5-640x366

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ подвлече дека стратешка цел и врвен приоритет останува членството во Европската Унија и членството во НАТО. Груевски го запозна соговорникот со актуелната политичка состојба при што истакна дека изборите на 24 април  се потребни за излез од политичката криза, а воедно од врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е тие да се фер и демократски. Тој истакна дека воспоставувањето на стабилна влада е потребна за продолжување на мерките и аткивностите кои се во насока на гарантирање на економскиот развој и подобар животен стандард.  Потретседателот на Европскиот парламент и потпретседател на Европската Народна Партија Антонио Тајани изрази поддршка на интеграциските процеси на државата, и членството на Македонија во Европската Унијa, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Sredba-Gruevski-3-640x410

Тој изрази уверување за побрзо надминување на политичката криза преку реализација на избори во што е можно покус рок и добивање на стабилна влада која ќе продолжи со отпочнатите процеси, и соочи со глобалните предизвици поврзани со мигрантската криза.

Соговорниците изразија заложба за продолжување на соработката и во рамките на Европската Народна Партија која ја подржува ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.