Македонија

Средба Иванов – Богов: Македонскиот банкарски систем е отпорен

Средба Иванов – Богов: Македонскиот банкарски систем е отпорен
Средба Иванов – Богов: Македонскиот банкарски систем е отпорен

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, на средбата се разговарало за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија, во контекст на последните случувања од грчката должничка криза и за можните рефлексии врз нашата држава.

Гувернерот Богов го информираше македонскиот претседател за преземените мерки и активности на Народната банка на Република Македонија, како и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната. Тој потенцираше дека  македонскиот банкарски систем е отпорен и дека може без поголеми последици да ги издржи ударите од кризата.

Претседателот Иванов и гувернерот Богов контатираа дека Народната банка на Република Македонија претставува стабилна институција која досега покажа капацитет во постигнување на финансиска стабилност и одржување на сигурен и стабилен банкарски систем.