Средба Коѕиас – Нимиц во Луксембург

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во Луксембург се сретнал со медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимц. На средбата било разговарано за спорот, но и за мерките за градење доверба.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас го брифирал медијаторот Метју Нимиц за размислувањата на владата во Атина и за напредокот во однос на мерките за градење доверба. Медијаторот, пак, известил за неговите активности и за разговорите  што ги имал во рамките на неговиот мандат, ова е наведено во кусото соопштение на грчкото МНР по средбата на Коѕиас со Нимиц, пренесува МРТ.

Двајцата се сретнаа во Луксембург за време на Советот за надворешна политика на Европската унија. Средбата доаѓа по неодамнешното интервју на Нимиц за грчка телевизија, во кое тој рече дека е во контакт со преговарачите, но и дека е разочаран од долгиот период на неактивност, како и по преписките на релација Скопје – Атина во однос на бегалската криза.