Средба Меркел – Ева Копач

Германскиот канцелар Ангела Меркел пристигна денеска во Полска за разговори со полскиот премиер Ева Копач.

Главни теми на дискусија ќе бидат украинскиот конфликт, железничките врски меѓу двете држави и инфраструктурни прашања.

Се очекува двете страни да разгледаат и подготовки за претстојната средба на врвот на Источното партнерство во мај во Рига.

Источното партнерство е форум за соработка меѓу ЕУ и поранешните советски републики Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.