Македонија

Средба Мицкоски-Јанша: Македонија мора да оствари реален напредок, да престане голиот популизам

Средба Мицкоски-Јанша: Македонија мора да оствари реален напредок, да престане голиот популизам

Република Македонија мора да оствари реален напредок во поглед на европските интеграции, притоа потребно е да престане праксата на гол популизам на владата без суштински реформи во клучните области, како и ангажирање на севкупните капацитети за остварување на реален напредок кој мора да биде вреднуван и од кој највекје корист ќе имаат самите граѓани, посочи челникот на ВМРО-ДПМНЕ Христијам Мицкоски, кој по посетата Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по посетата на Вашингтон ја продолжи својата интензивна дипломатска активност отпочнувајќи неколкудневна агенда на посети на Словенија, Хрватска и Србија.

„Во текот на вчерашниот ден претседателот Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски остварија средба со поранешниот премиер и сега лидер на словенечката опозиција и претседател на СДС, Јанез Јанша. На средбата во Љубљана се разговараше за повеќе актуелни теми, врзани за можностите за меѓу партиска соработка, актуелната политичка состојба и стратешките интереси на државата врзани со членството во НАТО и ЕУ. Мицкоски посочи дека државата економски стагнира, а граѓаните секој ден живеат полошо. Остануваат проблемите поврзани со недостатокот на демократскиот капацитет на власта за сто најдобар пример е политичкиот терор врз неистомислениците кој мора веднаш да престане“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочил дека Република Македонија мора да оствари реален напредок во поглед на европските интеграции, притоа потребно е да престане праксата на гол популизам на владата без суштински реформи во клучните области.

„Потребно е ангажирање на севкупните капацитети за остварување на реален напредок кој мора да биде вреднуван и од кој највекје корист ќе имаат самите граѓани“, рекол Мицкоски.

Соговорниците позитивно ги оценија меѓупартиските односи, и изразија подготвеност за нивно дополнително интензивирање во периодот кој престои.

Лидерот на СДС Јанша даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и изрази надеж дека државата што побрзо ќе оствари конечен напредок во однос на нејзините евроатлански интеграции