Средба на американските и руските дипломати поради Украина

Американскиот претседател Барак Обама го повика рускиот колега Владимир Путин да ја повлече војската во базата во Крим и да воспостави набљудувака мисија, додека шефовите на дипломатиите се подготвуваат за разговори.

Во Париз денеска треба да се сретнат министерот за надворешни рбаоти на Русија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери.

Обама предлага повлекување на руските сили во базата и само мирно набљудување дали се почитуваат правата на руските граѓани на Крим.

Се поттикнува и дијалог меѓу Москва и Киев, а украински министер истакна дека е подготвен за разговори.