Средба на градоначалникот Коце Трајановски со амбасадорот на Народна Република Кина, Зеншун Вен

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, се сретна со новиот амбасадор на Народна Република Кина, господин Зеншун Вен.

На средбата градоначалникот Трајановски му пожела добредојде на новиот кинески амбасадор, со убедување дека за време на неговиот мандат во Република Македонија ќе се продлабочат врските помеѓу збратимените градови Скопје и Нанчанг.

Амбасадорот Вен Зеншун  ја потенцираше својата мисија во промовирањето на билатералните односи на Народна Република Кина и Република Македонија и изрази подготвеност да помогне и во јакнење на соработката на двата збратимени града.

sredba na gradonacalnik Trajanovski so kineski ambasador (3)

На средбата градоначалникот Трајановски го запозна амбасадорот Зеншун  Вен со историјата на градот Скопје, а зборуваше и за проектите на кои тој е фокусиран и кои се од приоритет за градот Скопје.

Амбасадорот Зеншун Вен истакна дека како голем пријател на Република Македонија и на градот Скопје ќе ги искористи сите можности да лобира за што подобро промовирање на градот Скопје и Република Македонија во Народна Република Кина.

 

sredba na gradonacalnik Trajanovski so kineski ambasador (1)

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.