Средба на командант на НАТО и руски генерал

Командантот на НАТО за Европа, американскиот генерал Кертис Скапароти, се сретна во четвртокот во Азербејџан со началникот на рускиот Генералштаб, генерал Виталиј Герасимов.

Двајцата генерали се согласиле дека е важно да се одржуваат отворени каналите за комуникација меѓу двете НАТО, додека руската агенција ТАСС потсетува дека ова е прва средба на Герасимов и Скапароти од 2013 година, откако САД ги замрзнаа билатералните воени контакти со Русија поради ситуацијата во Украина во март 2014 година.

Средбата се случи во екот на новото подгревање на тензиите меѓу Западот и Русија, по обвинувањата од Велика Британија за наводен напад со нервен гас на Русија врз поранешен двоен шпион во англиски Солсбери, како и ракетирањето на САД, Британија и Франција на рускиот сојузник Сирија поради исто така наводен хемиски напад.

„Во текот на разговорите, воените команданти разговараа за воените активности на НАТО и Русија во европскиот регион, зголемувањето на мерките за доверба и спречување на инцидентите“, соопшти руското министерство за одбрана.

Скапароти и Герасимов ја потврдиле подготвеноста за продолжување на дијалогот во сегашниот формат за размена на ставовите по прашања кои се од заемен интерес, се истакнува уште во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.