вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Средба на министерот Попоски со германскиот пратеник Торстен Фрај

Прашања поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, европските перспективи на нашата земја, претстојните избори, како и регионалната соработка беа главни теми на средбата

poposki-fraj

Последни вести

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше средба со Торстен Фрај, пратеник во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката ЦДУ/ЦСУ и главен известувач на пратеничката група на оваа партија за Македонија.

Прашања поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, европските перспективи на нашата земја, претстојните избори, како и регионалната соработка беа главни теми на средбата. Главен фокус беше ставен на економските политики, со акцент на успехот во привлекувањето странски инвестиции. Исто така, беше нагласена особено важната улога на Германија и нејзината поддршка во спроведувањето на потребните реформи за реализација на македонските стратешки приоритети, соопшти Министерството за надворешни работи.

Покрај тоа, наведува МНР, соговорниците разговарале и за мигрантската криза, при што од германска страна Македонија била оценета како одговорен европски партнер во нејзиното менаџирање.

 

Најчитани вести