Средба на министерот Попоски со делегација од Европската комисија од Oдделот за Западен Балкан

На 15 септември 2014 година министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе оствари брифинг со делегација од Европската комисија, Генерален директорат за проширување, Oддел за Западен Балкан. Делегацијата од Брисел ја предводи Давид Кулен.

Министерот Попоски на брифингот се очекува да ги презентира клучните постигнувања во процесот на европска интеграција на Република Македонија со посебен акцент на постигнувањата во областите на слободата на изразување во медиумите, судството, борбата и спречувањето на корупцијата, меѓуетничките односи, политичкиот дијалог, добрососедските односи, реформата на јавната администрација, изборната реформа, пазарната економија, преземените активни мерки на пазарот на труд, а се очекува да го нагласи високото ниво на усогласеност на законодавството.
Брифингот претставува можност за продлабочување на соработката со Европската комисија и директно информирање на одговорните за постигнувањата на Република Македонија во рамки на евроинтегративниот процес со очекување за брзо отпочнување на пристапните преговори.