Средба на министрите за одбрана на САД – Јадранската повелба во Охрид

Под мотото „Интеграцијата е целта, соработката е начинот“ во петокот во Охрид ќе се одржи состанок на министрите за одбрана на САД – Јадранската повелба на кој се очекува да се реафирмира и конкретната поддршка од сите земји на намерите и заложбите на Република Македонија за постигнување на полноправно членство во НАТО.

Состанок на министрите за одбрана или официјалните претставници (шефови на делегации) на САД, на земјите-членки на А5, Македонија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, ќе се одржи денеска во Охрид.

На состанокот ќе учествуваат и министерот за одбрана на Бугарија и министрите за одбрана или официјални лица на земјите-набљудувачи Косово, Словенија и Србија. Учество ќе земе и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

Министерскиот состанок ќе го отворат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, премиерот Зоран Заев, в.д. заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, Горазд Бартол.

За време на состанокот ќе се дискутира за регионалните проекти, можноста за унапредување на регионална одбранбена соработка, за заедничкиот придонес во операцијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан и актуелната безбедноста состојба со која се соочува регионот.

По работната сесија, шефовите на делегациите на земјите – членки на САД-Јадранската повелба ќе потпишат Заедничка изјава.

На состанокот ќе присуствува премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД Лoра Купер, министрите за одбрана или официјални претставници на земјите членки, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Црна Гора, како и министерот за одбрана на Бугарија, и министрите за одбрана или официјални претставници на земјите набљудувачи, Косово, Србија и Словенија.