Средба на премиерот Заев со полскиот амбасадор Мултановски

Се случуваат позитивни промени во Македонија, тоа го препознаваат граѓаните и меѓународната заедница, изјавил во средата амбасадорот на Полска во Скопје, Јацек Мултановски на средбата со премеирот Зоран Заев

Полскиот амбасадор Мултановски, како што ин формираат до владината служба за односи со јавноста, му го честитал на премиерот Заев преземањето на должноста претседател на Владата и оценил дека постои позитивна промена на расположението во Македонија во насока на отворени можности што ги препознаваат и граѓаните, а и меѓународната заедница.

„Нашата цел е пробив во евроатлантските перспективи затоа што иднината на граѓаните и на Македонија е во Европската унија и во НАТО. Голем реформски процес е пред нас, но со ‘Планот 3–6–9’ започнуваме акција за да ги спроведеме неопходните реформи и да ги отвориме перспективите за луѓето и за државата“, рекол премиерот Заев.

На состанокот била изразена поддршка на инклузивните политики што овозможуваат вклучување на сите во неопходните демократски промени, како и за политиките на добрососедство кон што е определена новата Влада.

Полскиот амбасадор потенцирал дека неговата замја ја поддржува Македонија во евро-атлантските аспирации.

На средбата било констатирано и дека се создадени услови за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Република Полска на полето на културата, економијата, трговијата, а се разговараше и за можноста за помош од Полска којашто има искуства во програми коишто се однесуваат на употреба на средства од европските фондови во функција на потреби на граѓаните.