сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Средба на претседателот на ДИК со амбасадорката на ОБСЕ

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, денес имаше работна средба со амбасадорката на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен.

cicakovski-obse

Последни вести

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, денес имаше работна средба со амбасадорката на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен.

Во рамки на средбата Чичаковски ја запозна амбасадорката со активностите  на ДИК поврзани со изборниот процес.

Амбасадорката беше информирана дека Владата на РМ и отстапи простор на ДИК за времено користење, во кој освен Стручната служба ќе бидат сместени и ИТ тимовите и консултантите кои во претстојниот период ќе бидат ангажирани за вкрстените проверки на Избирачкиот список со базите на податоци кои ќе бидат побарани од релевантни институции. Воедно, Чичаковски нагласи дека дури по вкрстените проверки на податоците, ќе настапи процес на теренска проверка на сите сомнителни записи во Избирачкиот список, во која освен подрачната служба на ДИК ќе бидат вклучени и претставници од четирите најголеми политички партии во Собранието на Република Македонија, информираат од ДИК.

Претседателот Чичаковски и амбасадорката Суомалаинен изразија  надеж дека усвоениот Меморандум за соработка на Државната изборна комисија со Мисијата на ОБСЕ во Скопје е добра основа за продлабочување на взаемните активности.

Најчитани вести