среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Средба на вицепремиерот Адеми албанскиот амбасадор Река

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска се сретна со Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Република Македонија.

133167323

Последни вести

За време на средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, соговорниците разговарале за актуелната политичка состојба во земјата и за продлабочувањето на билатералната и регионалната соработка помеѓу двете земји.

– Во однос на актуелната политичка состојба,  која заеднички беше оценета како крајно сложена, беше потенцирано дека таа влијае врз евроинтегративниот процес на земјата и дека особено внимание треба да се посвети на натамошно спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на политичкиот договор и Охридскиот рамковен договор, каде што главниот фокус на сите политички актери без исклучок, треба да биде изнаоѓање на заедничко решение за излез од правната и политичката криза, се вели во соопштението на СЕП.

Вицепремиерот Адеми и амбасадорот Река ги поздравиле одличните односи меѓу двете земји и разговарале за планирање на конкретни активности за продлабочување на билатералната и регионалната соработка во областите од заеднички интерес, преку размена на искуства во однос на процесот на интеграција  како и во однос на поефикасната експлоатација на фондовите на ЕУ.

Најчитани вести