Средба на Заев со амбасадори: Што побрзо да се формира парламентарното мнозинство

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со амбасадорите на Р.Германија, Кристине Д. Алтхаузер, на Кралството Шведска, Матс Стафансон и на Р.Полска,Јацек Мултановски во Р.Македонија.

-Македонија мора да оди напред. Јасна е од изборите мнозинската волја на граѓаните за промени. Затоа побаравме од Ѓорге Иванов, граѓаните и Македонија да не губат повеќе време, да постапи според Уставот и да ми го додели мандатот за формирање нова Влада. Ние очекуваме дека ќе го формираме новото парламентарно мнозинство, со што ќе обезбедиме стабилна реформска Влада, како што одлучија граѓаните, рече Заев.

Заев ги информираше амбасадорите за разговорите со албанските партии како и за основата на Платформата на СДСМ согласно Договорот од Пржино и забелешките нотирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.