Средба на Заев со државниот секретар Амендола во Рим

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска во Рим имаа средба со Енцо Амендола, државен секретар на Министерството за надворешни работи на Италија.

Како што информираат од партијата, тема на состанокот беа евроинтегративните аспирации на Република Македонија.

Веднаш по изборите, новата Влада што ќе ја предводи СДСМ, ќе се посвети на сите суштински прашања за подобар живот на граѓаните, од слобода и демократија, преку правични и функционални институции, економска стабилност,  до практична примена на законите и нивно усогласување со европската регулатива. Тоа ќе ја придвижат земјата кон ЕУ, рече претседателот Заев.

Заеднички е заклучокот дека граѓаните на Македонија заслужуваат да бидат дел од европското семејство.