Магазин

Средба со поетесата Гордана Михаилова Бошнаковска

Средба со поетесата Гордана Михаилова Бошнаковска

Средба со Гордана Михаилова Бошнаковска ќе се одржи утре во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје со почеток во 19 часот.

Во оваа пригода дваесетина поети ќе беседат и ќе читаат стихови од нејзината поетска книга „Слики“, во издание на „Матица македонска“ од Скопје.

Гордана Михаилова Бошнаковска (Битола, 1940)  е првата дама на совре­ме­на­та македонска поезија. Автор е на стихозбирките: „Времето го нема“, „Писма“, „Влегување во Делта“, „Њујорксон“, „Нордиски љубовници“, „Планини од картонски кутии“, „Пораките на далечините“, „Толкување на морето“, „Докази“, „Допири суштини“ и „Мајките“. Нејзини творби се преведени на повеке странски јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на Струшките вечери на поезијата.