Македонија

Средба Попоски-Нуланд

Средба Попоски-Нуланд

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес во Скопје ја прими Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД задолжена за европски и евроазиски прашања.
Посетата е во рамки на нејзината посета на регионот на Југоисточна Европа.

Соговорниците разговараа за досегашниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, кои ги карактеризира стратешко партнерство, отворен дијалог и пријателство.

На средбата се изрази американската поддршка за евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Се разговараше за реформите поврзани со начелата врз кои се темелат Европската Унија и НАТО.

Беа истакнати и заложбите за промоција на позитивна клима и зголемување на довербата со Република Грција, преку конкретни чекори и проекти.

Соговорниците се осврнаа и на актуелните односи во Република Македонија и во регионот на Југоисточна Европа.