Македонија

Средба Попоски-Сарканис

Средба Попоски-Сарканис

Европската агенда за Република Македонија во првиот семестар од 2015 година, додека Латвија претседава со Европската унија беше главна тема на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот на Латвија, Албертс Сарканис.

На средбата Сарканис ги презентираше приоритетите на Латвиското претседателство со Советот на Европската унија, а министерот Попоски ја истакна посветеноста на Република Македонија и укажа дека има напредок во сите полиња значајни за членството во ЕУ.

– Напредокот ќе продолжи независно од попречувањето на почетокот на преговорите за членство, а фокусот ќе биде на реформите, бидејќи тие зависат најмногу од нашите напори, рече Попоски нагласувајќи дека економијата останува приоритет како што е и за земјите членки.

Амбасадорот Сарканис ја потврди заложбата на Латвиското претседателство за оддржувањето на проширувањето во Советот на ЕУ во следниот шест месечен период. Ги поздрави резултатите кои Република Македонија ги постигнува со економскиот раст, кој е меѓу највисоките во Европа. Воедно ги истакна заложбите за поскорешно зачленување на Република Македонија во Европската унија.