Средба Попоски – Штајнмаер во Берлин

средба
Попоски по средбата изјави дека предходните позитивни извештаи и препораки кои земјата ги доби од ЕУ можат да бидат искористени само со квалитетен изборен процес.
– Најголем интерес во овој момент е посветен на квалитетот на изборниот процес. Тоа ќе биде главниот предуслов за да можеме да се надеваме дека понатаму ќе се капитализираат предходните препораки за отпочнување на процесот на преговори со Република Македонија и за отварање на една појасна европска перспектива. Мислам дека секој разумен човек во овој момент во Македонија треба да се посвети на што е можно попозитивна клима и што е можно поуспешно спроведување на изборниот процес на 11 декември, рече Попоски во изјава.
Шефот на македонската дипломатија денеска со своите соговорници ја продолжил комуникацијата со меѓународните партнери на Македонија со цел поголемо присуство на странски набљудувачи на изборите кои што ќе треба да го потврдат коректниот изборен процес.
– Добри сигнали се што и на денешната средба со Штајнмаер, но и со ОДИХР имаме целосна поддршка за масовна и темелна мисија за набљудување на овој изборен процес. Ние, во меѓувреме, работиме на мобилизирање на што е можно повеќе фактори и во националните парламенти и во европските институции за тоа присуство да биде видливо и, конечно, да биде заверен фактот дека Македонија има капацитет за успешно спроведени  избори, изјави Попоски во Берлин каде што денеска учествува на конференцијата на ОБСЕ организирана од германското Министерство за надворешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.