Средба Попоски – Жбогар

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата се разговараше за напредокот во евроинтегративниот процес на Република Македонија. Во тој контекст, беа истакнати очекувањата за спроведување фер и демократски избори, како основа за интензивирање на реформскиот процес во Република Македонија на патот кон ЕУ. Воедно, разговараа и за справувањето со мигрантско-бегалската криза и европската помош во таа насока, што претставува заеднички интерес.

Амбасадорот Жбогар истакна дека Европската Унија и понатаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Република Македонја во Европската Унија.

Во рамки на средбата, министерот Попоски му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Жбогар во Република Македонија.