ТОП,Македонија

Нова средба на работните групи за Договорот од Пржино

Нова средба на работните групи за Договорот од Пржино

Нова средба на работните групи за финализирање на Договорот од Пржино. Посредникот во разговорите меѓу четирите најголеми политички партии Питер Ванхојте за денеска најави нова средба на партиските работни групи.

Според Ванхојте, четирите партии постигнале одреден напредок за отворените прашања од договорот од 2-ри јуни и 15-ти јули, но се уште нема финален договор.

Ванхојте рече дека работната група ќе се состане денеска во 11 часот.

Каков било договор треба да биде поддржан од сите четири партии. Во спротивно, ќе нема договор, изјавил Ванхауте за телевизијата „Алсат М“.

Во изминатите денови Ванхојте имаше одвоени средби со претставниците на политичките партии, по консултациите што ги имаше во Брисел.