Магазин

Средба со Елена Пренџова

Средба со Елена Пренџова

Во рамките на Саемот на книгата „Книга во секој дом“, во понеделник, 26 јануари, во Матица ексклузив почнува серијата дружења со млади македонски автори. Започнуваме со Елена Пренџова.

За време на средбата нејзината поетска книга „Политички коректна поезија“ ќе се продава по саемска цена од 100 денари.

Покана за сите читатели и вљубеници во пишаниот збор на разговор на кој авторката ќе ја потпишува книгата.