Магазин

Средба со Вангел Божиновски во „Матица ексклузив“

Средба со Вангел Божиновски во „Матица ексклузив“

Во рамките на Саемот на книгата „Книга во секој дом“, денеска во 12 часот, во „Матица ексклузив“, читателите ќе имаат можност да се запознаат и лично да разговараат со архитектот Вангел Божиновски. Поводот за оваа средба е неговата најнова книга „Прилози кон историјата на македонската архитектура“.

Сите љубители на пишаниот збор, уметноста и архитектурата ќе имаат можност книгата да ја добијат со лична посвета од авторот.