Магазин

Средба со Вангел Божиновски

Средба со Вангел Божиновски

Во рамките на Саемот на книгата „Книга во секој дом“, во среда, 28 јануари, во Матица ексклузив читателите ќе имаат можност да се запознаат и лично да разговараат со архитектот Вангел Божиновски. Поводот за оваа средба е неговата најнова книга „Прилози кон историјата на македонската архитектура“.

Ова е покана за сите љубители на пишаниот збор, уметноста и архитектурата да ја искористат можноста книгата да ја добијат со лична посвета од авторот.