Средба Треневски – Бридлав: Македонија не отстапува од НАТО

Шефот на постојаната мисија на Република Македонија во НАТО, амбасадорот Мартин Треневски, денеска оствари средба со Врховниот командант на НАТО силите во Европа генерал Филип Бридлав – јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.
На средбата Амбасадорот Треневски уште еднаш ја потврди цврстата определба на Македонија  за учество во мисијата  пост 2014 година ,,одлучувачка поддршка“ во Авганистан, а информираше и за актуелните случувања во врска со единствената преостаната пречка  со која се соочува земјава до полноправно членство во Алијансата –  деценискиот спор со јужниот сосед.
Генералот Бридлав истакна дека високо го цени македонскиот придонес во операциите преземени од НАТО.  Амбасадорот Треневски упати покана  до Бридлав  за посета на земјава и нејзините вооружени сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.