Средба Заев-Вучиќ: Македонија во Србија има искрен пријател

Премиерот Зоран Заев кој е во официјална посета на Србија, денеска се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Соговорниците констатирале дека пријателството помеѓу Македонија и Србија е исклучителен потенцијал за продлабочување на односите помеѓу двете земји.

– „Од особен интерес е соработката и на безбедносните прашања, економската и социјална благосостојба на граѓаните на двете земји, како и регионалните иницијативи за кои и од Република Македонија и од Република Србија има особено голем интерес“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Вучиќ по средбата со Заев изјави дека Македонија во Србија има искрен пријател, а целта на Македонија и Србија е мирот и стабилноста на регионот.

Вучиќ ја истакнал и поддршката за европските интеграции.