вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 62

Средбата Груевски – Ли прoследена и од кинеските медиуми

gruevski-kineski-mediumi-1

Поврзани вести

Средбата на премиерот Груевски со кинескиот премиер Ли беше прoследена и од кинеските медиуми.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски во Пекинг во четвртокот, ветувајќи поголема соработка во изградба на инфраструктурата и индустријализацијата, пишува угледниот кинески весник „Пипл Дејли“.

gruevski-kecijang-222

„Пипл дејли“ е дневен весник во Кина, кој почнал да се објавува во 1948 годна. Тој се објавува на светско ниво во тираж од 13 до 14 милиони примероци. Покрај на кинески јазик, весникот се објавува и во англиска, јапонска, француска, шпанска, руска, арапска и други верзии.

Нарекувајќи ја Македонија доверлив пријател и партнер на Кина, Ли изјави дека Кина има намера да соработува со Македонија во надградба на железничките пруги, експресни патишта, енергетски централи, како и да се зголеми стоковната размена во земјоделски производи, пишува весникот.

Тој вети дека ќе ги охрабри кинеските компании да учествуваат во изградбата на македонската фабрика за цимент и индустриски парк.

gruevski-keciang-3

Премиерот Груевски посочи дека Република Македонија ја поддржува иницијативата на НР Кина за соработка со земјите од Централна и Источна Европа во рамките на процесот 16 плус 1, што ќе придонесе за продлабочување на односите и економски развој на земјите.

Предложивме нови конкретни проекти за соработка од повеќе области, од сферата на енергетиката, градежништвото, индустријата, проекти од инфраструктурен карактер. Врачивме вкупно шест проекти кои се ставени на хартија, со претходна добра анализа и сите најпотребни информации, за што имаше позитивен прием од страна на кинескиот премиер и подготвеност да се разгледаат од нивна страна во периодот што следува, изјави по средбата премиерот Груевски.

Премиерот Груевски ја предводеше македонската владина делегација која во текот на изминатите денови присуствуваше на Самитот на шефови на држави од Источна и Централна Европа и НР Кина. Повеќе информации за ова на следниот линк.

Најчитани вести