Средби на Заев во Сараево со Човиќ, Изетбеговиќ и Иваниќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација во неделата се сретна со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ и делегација на претседателството, а кусо потоа оствари средба и со членовите на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ.

Претседавачот на Претседателството на БиХ, Човиќ му честитал на премиерот Заев за неговото назначување за претседател на Владата на Република Македонија, и на „демократскиот начин преку кој што е формирана реформската Влада, ориентирана кон Европската унија“, информира владината служба за односи со јавноста.
Потенцирано било дека е тоа „пример за целиот регион, како можност за успех преку градењето мостови“.

„Владата на Република Македонија ги темели своите активности на принципот на градење едно општество за сите. Низ ова, определбата за итни реформски приоритети и унапредувањето на добрососедската соработка, ги отвораме вратите кон ЕУ и НАТО“, рекол Заев.

На средбата е констатирано, дека со денешната официјална посета на владината делегација на највисоко ниво од Република Македонија во БИХ, се надминува непотребната двегодишна стагнација во одоносите меѓу двете земји, со оглед на тоа што станува збор за пријателски држави со исти стратешки цели, ЕУ и НАТО.

Заеднички вила изразена силна политичка волја за натамошна интензивна соработка, што денеска на дело ја покажаа Република Македонија и Босна и Херцеговина, преку потпишувањето документи од областа на земјоделството и културата.

„Денеска Република Македонија и БиХ испратија сериозна порака дека двете земји се сериозно посветени да ја развиваат регионалната соработка, која што беше посочена на Самитот за Западен Балкан во Трст, како клучна во евроинтеграциите, и очекувам дека тоа ќе продолжи и во иднина меѓу другите држави од регионот“, рекол Заев.

Премиерот Заев и претседавачот на Претседателството на БИХ, Човиќ, се согласиле дека заедничкиот напредок на регионот ќе им помогне на државите во аспирациите кон ЕУ и НАТО, но и кон економски развој, тоа што е реална потреба на раѓаните, како и тоа дека ќе придонесе кон општа стабилност и безбедност.

Изетбеговиќ и Иваниќ, според соопштението исто така му честитале на премиерот Заев за неговото назначување, а според владината служба повторени се буквално истите зборови како и при изразите на честитките од Човиќ.

zaev izetbegovi' i ivanik

„Владата на Република Македонија ги темели своите активности на принципот на градење едно општество за сите. Низ ова, определбата за итни реформски приоритети и унапредувањето на добрососедската соработка, ги отвораме вратите кон ЕУ и НАТО“, рекол премиерот Заев.

На средбата било констатирано дека со денешната официјална посета на владината делегација на највисоко ниво „се надминува непотребната двегодишна стагнација“ во односите меѓу двете земји, со оглед на тоа што станува збор за пријателски држави со исти стратешки цели – ЕУ и НАТО.

Заеднички била изразена силна политичка волја за натамошна интензивна соработка, што денеска на дело ја покажале Република Македонија и Босна и Херцеговина, преку потпишувањето документи од областа на земјоделството и културата.

Заев, според информацијата од Владата, ги повторил констатациите од претходните негови средби во Сараево дека е испратена „сериозна порака дека двете земји се сериозно посветени да ја развиваат регионалната соработка“, посочена на Самитот за Западен Балкан во Трст, како клучна во евроинтеграциите и очекувам дека тоа ќе продолжи и во иднина меѓу другите држави од регионот“.

Заев и членовите на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ, се согласиле дека заедничкиот напредок на регионот ќе им помогне на државите во аспирациите кон ЕУ и НАТО, но и кон економски развој, тоа што е реална потреба на раѓаните, како и тоа дека ќе придонесе кон општа стабилност и безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.