Средбите на Груевски: Поправање на имиџот на Македонија и порака до противниците

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски  веќе трет ден престојува во Лондон, Велика Британија каде предводи партиска делегација на средби со тамошните владејачки структури, лица од јавниот и политичкиот живот.

Груевски во изјавите вели целта на овие средби и посети не само на Велика Британија, туку и претходно на Германија и САД е да на влијателни луѓе во овие земји да им се претстават фактите за актуелните политички случувања во земјава, за економските реформи и напредувања и плановите за по изборите закажани на 11-ти декември. Лидерот на владејачката партија вели на средбите се разговара со мотив да се претстави земјата во позитивно светло, да се зацврстат односите на Македонија со овие три моќни држави, да се претстават перспективите за инвестирање.

Политичките аналитичари велат токму ваквите посети на Груевски од позицијата на лидер на партија ја покажуваат неговата различност од моделот на балкански политичари. Професорката Иванка Додовска вели и покрај тежината на предизвиците на македонската политичка сцена Груевски прави напори да донесе позитивни резултати за Македонија.

„Неговата енергична политичка природа и професионалниот пристап со кој се одликува неговата кариера ivanka-dodovskaкако политичар, излегува од рамките на локалните активности и дејствува со ист интензитет како на внатрешен така и на надворешен план. Сето тоа ја докажува максимата дека покрај талентот за лидерство, се останато е работа, работа и уште повеќе работа! Ваквиот начин на општествена одговорност, не ја менува неговата визија за Република Македонија. Од тие причини, помеѓу другото, тој докажа на дело дека без оглед на која политичка позиција се наоѓа, секогаш ќе се обидува да донесе позитивни резултати во Македонија и нема да се демотивира и покрај огромниот број на политички удари кои ги доби во изминатиов период“, вели Додовска.

Посетите и средбите не се само со цел да се поправи имиџот на Република Македонија, вели Додовска, туку Груевски на овој начин испраќа порака до неговите поддржувачи и неговите противници.

„Со тоа истовремено им испраќа и неколку пораки, како на неговите поддржувачи, така и на неговите противници и од земјата и од странство. Она што е клучно е дека станува збор за една визионерска стратегија која има за цел да ги покрене државните прашања на повисоко ниво и да го подобри разурнатиот рејтинг на Република Македонија по речиси две годишната девалвација на институциите на системот, која ја спроведе опозицијата предводена од СДСМ. Токму во тоа се огледа и огромната разлика која постои помеѓу овие два политички блокови во државата и која во суштина е најсилниот аргумент во рацете на Никола Груевски пред претстојната победа на предвремените парламентарни избори, на крајот од оваа година“, вели Додовска.

gruevski-sredbi-1-640x360-1
Делегацијата на ВМРО ДПМНЕ со лидерот на Долниот дом на британскиот Парламент

Груевски заедно со членови на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, Влатко Ѓорчев и Никола Попоски во изминативе три дена во Лондон се сретна со Дејвид Лидингтон, лидер на Долниот Дом на Британскиот Парламент. Делегацијата на ВМРО ДПМНЕ имаше средба и со претседателот и потпретседателот на британската Конзервативна партија, Патрик Меклоглин и Марк Филд.

„На средбите во конзервативната партија бевме со цел да воспоставиме добри релации со оваа партија, но и да информираме за Република Македонија, да дадеме прецизни информации на политички и економски план, да отвориме нови перспективи на соработка и да прецизираме за многу детали кои што не се познати тука. Така што станува збор за корисни средби со највисоките личности на партијата на кои што детално ги информиравме за сите состојби во Македонија, предизвиците со кои што се соочува и за она што може да го очекуваат и следува во нашата земја. Не само што беа партиски средбите, туку тие ги искористивме и да ја промовираме Македонија и да обезбедиме во иднина поголема поддршка за нашата држава од Конзервативната партија која е водечка тука во Велика Британија”, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ по средбите со раководството на британските Конзервативци.

Актуелните политичките случувања во земјава, економските реформи и постигнувања, како и плановите за иднина биле разговарани и средбата со неколкумина членови на британскиот Парламент.

gruevski-sredba-1-640x360
Средба на Груевски и делегацијата на ВМРО ДПМНЕ со претседателот и потпретседателот на владејачката Конзервативна партија во Британија, Партик Меклоглин и Марк Филд

Груевски пред три недели ја предводеше партиската делегација и при посетата на Соединетите Американски Држави каде се сретна со повеќемина конгресмени, сенатори и претставници на влијателни организации.

jung
Средба на Груевски со Јозеф Јунг, пратеник во германскиот Бундестаг

На почетокот на септември Груевски ја посети Германија каде оствари 15 средби со политичари и стопанственци, министри од федералната влада на канцеларката Ангела Меркел, пратеници од германскиот Бундестаг, државни секретари и креатори на надворешната германска политика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.