Среде бел ден ограбени сопружници во Долно Лисиче

Двајца сопружници од скопско Долно Лисиче во вторникот преживеале вистински хорор.

Како што информира МВР, вчера околу 12,15 часот во полициската станица Аеродром, Б.Ѓ. (74) од село Долно  Лисиче-Скопје, пријавил дека во вторникот околу 15.30 часот во неговата куќа, непознат сторител извршил разбојништво.

Разбојникот откако влегол во неговата куќа, му упатил вербални закани на него и на неговата сопруга.

Истиот побарал пари, по што Б.Ѓ. му дал 3.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.