Среде болница го избодел зетот со нож

Четириесет и двегодишниот А.А. од селото Зајас е сериозно повреден од братот на неговата сопруга, во инцидент кој се случил во четвртокот претпладнето околу 10 часот во тетовската болница, информираше тетовската полиција.

Според информациите од полицијата А.А. и 30-годишниот М.Д. во кичевско Горно Строгомиште биле во болницата да ја посетат нивната сопруга и сестра, по што братот вознемирен од лошата здравствена состојба на сестра си почнал да го обвинува зетот, извадил нож и му нанел удобни рани во пределот на левото рамо и левата нога.

Повредениот зет во сериозна состојба, но надвор од животна опасност е задржан на болничко лекување. Напаѓачот кој избегал, подоцна сам се пријавил во тетовската полициска станица.

Полицијата во присуство на јавен обвинител извршила увид на местото, ножот и други траги се предадени на вештачење.
Против напаѓачот ќе биде поднесене кривична пријава за обид за убиство.