Средношколци натепани во сендвичара кај Фискултурно

Средношколци вчера биле натепани во сендвичара во близина на средното фискултурно училиште во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу десет часот, две групи на ученици од средното училиште „Методија Митевски Брицо“ се степале во сендвичарата „Пит Стоп“.

Полицијата соопшти дека лицата  16-годишниот Д.Ц. од Куманово и 16-годишните скопјани  Д.Т., И.Н., М.Н и В.А., седеле во сендвичарата дошле ученици од истото училиште и без повод и причина физички ги нападнале. Насилниците ги удирале малолетниците со  инвентар од сендвичарата, при што оштетиле поголем дел од истата.

По преземени мерки од страна на полициски службеници, приведени се лицата Н.В.(17), К.А.(16), А.Е.(15),  О.В.(18), С.А.(18), Д.Ц.(16), В.А.(16), И.Н.(16) и М.Н.(16) , а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.