Средношколци претепале соученик

Охриѓаните И.К. (19) и П.С. (17) добија кривична пријава бидејќи за време на големиот одмор го претепале соученикот А.В. (18).

По меѓусебна расправија настанала тепачка  помеѓу пријавените и А.В(18) од Охрид, во која си размениле по неколку удари во пределот на главите и телата, при што на А.В. му нанеле повреда во пределот на носот.

Повредениот ученик е пренесен во болница каде му е укажана лекарска помош.