Средношколци се степале во гимназијата Зеф Љуш Марку

Двајца средношколци си ги одмериле силите во ходникот на гимназијата Зеф Љуш Марку.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера околу 14 часот во ходникот на државното средно училиште Зеф Љуш Марку се случила тепачка меѓу 18-годишниот Б.А.  и една година постариот Р.Ј., двајцата од Скопје.

Поради меѓусебно нетпрение тие си размениле неколку удари во пределот на главите, нанесувајќи си видливи повреди. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.