Политика

Средношколците најавија нов марш во Скопје, Прилеп и во Тетово

Средношколците најавија нов марш во Скопје, Прилеп и во Тетово

Под слоганот „Стоп за лошите реформи“, средношколците од Средношколскиот пленум утре и в четврток организираат три нови марша во Скопје, Прилеп и во Тетово. Маршот во Скопје ќе почне во 12 часот пред Собранието на Република Македонија, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука.

„Нашиот марш во среда нема да покаже страв од учење, туку жед за знаење. За она вистинско знаење што секој од нас го заслужува. Заедно да и покажеме на оваа земја дека интелектуалната младина е оформена и независна. Нашиот дух е непокорлив, а нашиот став непоколеблив“, пишува во соопштението на пленумците.

Средношколците од Прилеп, чиј Пленум се оформи вчера, маршот ќе го започнат утре во 12.45 часот пред камената бина во центарот на градот, а тој ќе заврши пред канцелариите на подрачното одделение на Министерството за образование, наука и култура.