Средношколската унија: Фрчковски и Пендаровски со долни и приземни навреди кон сите средношколци

Средношколската унија на Македонија упатува остар протест поради навредите испратени кон граѓаните кои се собраа на 18 ти мај под мотото силна Македонија, а кој беа упатени од Стево Пендаровски и Љубомир Фрчковски.

Средношколската унија на Македонија смета дека тоа е некоректен и недостоен начин на комуникација. Средношколците како рамноправни млади луѓе во оопштеството кои го поддржаа големиот и масовен граѓански собир не се овци како што мислеше и асоцираше Пендаровски ниту долна класа како што прикажуваше Фрчковски.

Средншколците се млада и проактивна граѓанска сила која е динината на оваа држава. Ова се долни и приземни навреди од кој мора да се оградат и извинат. Тоа е навреда кон сите средношклци во државата.