Средношколците во среда бесплатно во Театар Комедија

Започнува да се спроведува одлуката на Владата – средношколците во среда ќе имаат можност бесплатно да ја гледаат претставата „Господарот на кукавицата“ во Театар Комедија.

Претставата е од Венко Андоновски, а во режија на Андреј Цветановски.

Минатогодишната акција „Слободен влез во четврток“, продолжува и оваа година. В четврток за студентите ќе има слободен влез за  претставата „Нешто пропуштаме“  од Горјан Милошевски, во режија на Бојан Трифуновски.

Овој петок Театар Комедија ја спроведува акцијата „Слободен влез за постдипломци“ за претставата „Лисистрата“ од Аристофан, во режија на Наташа Поплавска.