Средношколец го хакирал мејлот на директорот на ЦИА

Средношколец ја хакирал приватната електронска пошта на директорот на ЦИА, Џон Бренан.

Американските власти ги истражуваат наводите дека тинејџерот влегол во листата на контакти, список на телефонски повици и други документи на првиот човек на разузнавачката агенција.

Од ЦИА потврдија дека истрагата е во тек, но не прецизираа дали дошло до хакирање на личниот и-мејл налог на Бренан.

Ние сме свесни за извештаите кои се појавија на социјалните мрежи и го проследивме предметот до надлежните органи, се наведува во соопштението на ЦИА.

Хакерот на социјалните мрежи тврди дека „упаднал“ и во личната електронска пошта на американскиот секретар за внатрешна безбедност Џеј Џонсон.