Средношколец од Крива Паланка нападнат и ограбен во Скопје

Средношколец од Крива Паланка нападнат и ограбен во Скопје. Како што јавува МВР, инцидентот се случил вчера околу 18.30 часот во Скопје, во близина на студенскиот дом „Сенич“.

Пет непознати лица физички го нападнале И.А.(17) од Крива Паланка, ученик во АСУЦ „Боро Петрушевски“, а со привремен престој во ДСД„Томе Стефановски-Сенич“, при што му го одзеле мобилниот телефон марка „Алкател“, со што му е причинета материјална штета од околу 4.000 денари.

Сторителите му пришле на И.А. од зад грб, едно од лицата му ставило капа на глава, а останатите лица почнале да го удираат со клоци и тупаници во пределот на телото и главата, при што му нанеле видливи повреди, а потоа му го одзеле мобилниот телефон и заминале во непознат правец. Увид на место на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.