Средношколец заврши на Ургентен, нападнат во училишниот двор

Ученик од средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Скопје вчера бил физички нападнат од страна на тројца малолетници, исто така, ученици во училиштето, со кои бил и М.Д. (19) од Скопје, поранешен ученик во СУГС.

Напаѓачите се приведени во полициската станица Карпош.

Со возило на Итна медицинска помош нападнатиот ученик е пренесен во Клинички центар за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.