Среќен ден за Тајланд: Спасените деца од пештерата си заминуваат дома

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа спасени од поплавената пештера во северен Тајланд, денеска треба да ја напуштат болницата и да се вратат дома.

Тие се наоѓаа во болница во Чианг Раи од минатата недела, кога беа извлечени од пештераниот комплекс Там Луанг во драматична тридневна операција. Во пештерата беа од 23 јуни до 10 јули кога операцијата за спасување официјално заврши.

Прв и последен настап во јавноста

Тие за првпат ќе се појават во јавност на прес конференција вечерва и ќе одговараат на прашања во врска со нивното  искушение.

Потоа ќе се вратат во своите домови и семејства, велат официјалните претставници.

Причината што одлучилме да има прес конференција е да можат медиумите можат да им ги постават сите прашања, по што тие да можат да се вратат дома и да продолжат со нормалниот живот без да бидат под притисок на медиумите , изјави за новинската агенција АФП главниот владин портпарол на Тајланд, Сунсерн Каукумнер.

Гувернерот на Провинцијата Чанг Раи, Прахон Пратсукан, додаде дека ова ќе биде нивно “единствено официјално интервју”, и дека “по ова веќе нема да разговара со медиумите”.

Сите новинари кои сакаат да постават прашања, прво морале да ги достават до владината служба, кои биле проверени и од психијатар за да се гарантира дека тие нема да ги вознемират децата.

Можно е по денешниот ден, децата да бидат кусо сместени во некој  будистички храм, што е своевидна традиција во Тајланд за лица кои доживеале несреќа.

Кои се момчињата и нивниот тренер?

За капитенот  на тимот Дуганпет Промтеп со прекар Дом  (13), се вели дека е мотиватор и многу почитуван од неговите соиграчи. Тој наводно бил баран од неколку тајландски професионални клубови.

Адул Сем-он (14), роден во Мјанмар, зборува неколку јазици тајландски, бурмански, кинески и англиски и е единствениот член на тимот кој можел да комуницира со британските нуркачи кога бил остварен прв контакт со нив.

На 17 роденден на Пеерапат Сомпиангаи со прекар Најт, кога групата остана заробена во пештерата. Ужината што момчињата ја носеа со нив за да прослават, најверојатно, им помогнаа да го преживеат своетото најтешко искушение.

Тренерот Екапол Чантавонг (25) со прекар Аке бил физички најслаб од групата кога беа пронајдени, бидејќи тој, наводно, одбил да јаде од храната и наместо тоа им ја давал на момчињата.

Чанин Вибулрунфруанг, со прекар Титан (11) е најмладиот во тимот. Почнал да игра фудбал на  седум години пред да стане дел од спортскиот клуб во училиштето. Подоцна бил повикан да се приклучи на фудбалскиот клуб Диви вепри.

Порнчаи камлуанг со прекар Ти (16) е одбранбен играќ во тимот. Тој од пештерата им пратил порака на родителите да не се грижат и дека е многу среќен.

Монгол Бонеиам со прекар Марк (12) го нарекуваат учител и многу почитуван во тимот. Тој со мајка му се преселил од Мјанмар.

Децата му оддадоа почит на починатиот нуркач, поранешниот морнар Саман Гунан кој загина во спасувачката мисија додека се враќал да ја обезбеди групата со резервоари за кислород.