Среќен охриѓанец, ги фати и крстот и бурето со вино

Ова дефинитивно ќе биде среќна и бериќетна година за 24-годишниот охриѓанец Петар Рупески кој вчера го фати крстот во осветените води на Охридското езеро, а денеска, на големата прослава на Денот на рибарите, бурето со вино.

Со рибина чорба, плашици и топла ракија денеска охриѓани го прославија Денот на рибарите, а традиционално фрлија и буре со вино со езерото.

„ Оваа година ми е најсреќна зашто го фатив и Светиот крст. Еве сега и го фатив и бурето со црвено вино. Се надевам дека оваа година ќе најдам работа бидејќи сум невработен, а ќе имам здравје, јас и моите роднини и пријатели и сите што ме познаваат и поддржуваат, изјави среќниот Рупески.

Со овој ден завршува четиридневното одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици кој последниве години најмасовно се одбележува во Охрид.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.