Среќен роденден Попај: Цртаниот јунак полни 85 години

На денешен ден во 1929-та година Попај за прв пат се претстави преку стрипот „Thimble Theatre“, чиј автор е американскиот цртач Елзи Крајслер Сигал. Попај набрзо стана толку популарен што стрипот почна да го носи неговото име.

Набрзо Попај доби и своја екранизација, па меѓу 1933-та и 1957-ма година се направени околу 230 кратки и три долги анимирани филмови. До 1988-ма година бројот на цртани за Попај порасна на 638.

Попај доби филмска верзија во 1980-та година, во режија на Роберт Алтман. Попај тогаш го толкуваше Робин Вилијамс, а Олива, Шели Дувал.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.