Среќниот добитник на 7-ка со убави желби ќе ја почне 2015

Битолчанец беше најсреќениот од исходот на извлекувањето во 95то коло на Новолото кое се емитуваше на Сител Телевизија на 26. ноември. Тој е среќниот играч кој ја освои третата премија 7-ка годинава во НОВОЛОТО на Државна лотарија на Македонија.  Среќното ливче го уплатил во уплатното место ДОЕЛ 15 во Битола.

Интересно за него е тоа што секогаш уплаќа по три ливчиња.  Самото извлекувањето кое му ја донесе оваа убава добивка, нашиот среќен добитник не го следел. За својата добивка дознал дури по две кола, кога направил проверка дали има некаква добивка на уплатните комбинации. Со задоволство им се радува на празниците, замислувајќи желби, кои благодарение на оваа убава добивка, ќе може да си ги реализира во текот на следната 2015.

Само за потсетување, ова е трета премија 7ка во текот на 2014. Претходно 47-то коло на Новолото емитувано на 11. јуни му донесе среќа на добитник со уплата во Скопски Хиподром, а  18. коло емитувано на 1. март од 20 часот на Сител телевизија ја донесе првата премија 7-ка годинава на играч од скопската населба Чаир.

Вечерва во 20 часот на телевизија Сител заедно со прекрасната Марјана, го имате извлекувањето на најновото 99. коло во кое повторно некој од вас ќе и се радува на својата среќа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.